СДСМ извор на лажни вести сакаат партизација преку лажна вест дека зголемувале плати преку Законот за наставници. Со Законот за наставници кој тие го туркаат се овозможува партизација и се руши стручноста, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека со предлогот на СДСМ се укинува приправничкиот стаж.
– СДСМ само го урива нивото на образованието, и не го подобрува воопшто квалитетот на наставата, ниту пак условите за просветните работници. Доколку владата беше искрена со наставниците таа ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, со кој ќе се постигне нивелирање на платите, па наставник во основно и средно школо ќе зема до 45 илјади денари, тоа го овозможува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој го одбиваат. СДСМ и Ковачевски покажаа дека не им се важни наставниците, туку партиската агенда за партизација на образованието, се додава во партиското соопштение.