четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ не може да ја покрие својата неспосбност и негрижа, граѓаните деновиве се вакцинираат во Србија, а кај нас имаме затворени вакцинални пунктови“

„СДСМ не може да ја покрие својата неспосбност и негрижа, граѓаните деновиве се вакцинираат во Србија, а кај нас имаме затворени вакцинални пунктови“

СДСМ, Заев, Филипче и функционерите на СДСМ кога веќе не можат да ги излажат граѓаните, пробуваат на своите членови да им стават розови очила. Венко Филипче наместо да се шета на партиски трибини, денес требаше да ја потпише својата оставка како министер. Во Македонија викендот немаше вакцинација поради неговата неспосбност, а над 15 илјади наши сограѓани беа вакцинирани во соседна Србија. Додека тој игра фудбал, држи говори на париски трибини или вози мотор со Заев во македонија нема вакцини, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради неговите лаги од типот само што не пристигнале вакцините, Македонија е на дното по вакцинација. Над илјада граѓани ги изгубија своите животи во пандемијата во време кога во Македонија немаше вакцини само затоа што Филипче и Заев набавуваа вакцини од фантом компании заради провизија.

Македонските граѓани кои цел живот плаѓале даноци и здравствено осигурување во Македонија, понижени одат во соседството да се вакцинираат, затоа што власта ги направи граѓани од втор ред. Власта на Заев кога веќе не е способна да се грижи за нив, е должна да им ги покрие трошоците за нивната вакцинација надвор од својата држава.

Неспособноста и криминалот се белезите на оваа власт на СДСМ. Овие 4 години власт на Заев се 4 изгубени години. Доста е, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести