СДСМ е страната која што не сака да се донесе квалитетен закон за јавно обвинителство и доколку навистина сака да се донесе законот треба се внесат сериозни забелешки на експертите по ова прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Доколку се инкорпорираат забелешките на експертите, кои беа скоро едногласни за одредени членови од законот, ВМРО-ДПМНЕ утре е подготвено да го гласа таквиот закон во Собранието. Зачудувачки е министер за правда да дава ултиматум на пратеници. Министерот е избран од Собранието, тој одговара пред Собранието. Логично е органот, министерство за правда да ги подготви тие забелешки- изјави за Канал 5 Тимчо Муцунски, од ВМРО-ДПМНЕ, дел од преговарачкиот тим на партијата за Законот за јавно обвинителство.
СДСМ нема желба и волја за носење на овој важен реформски закон. Според Муцунски во моментот кога се изготви нацрт закон во Министерството за правда, веднаш не се не се свика јавна расправа која се покажала како крајно целисходна и од која произлегло дека и експертите имаат сериозни забелешки.
-Ние требаше да имаме јавна расправа уште пред 8-9 месеци. ВМРО-ДПМНЕ инсистираше на јавна расправа и видовме дека тоа беше навистина целисходно. Експертите дадоа сериозни критики и забелешки- дополни Муцунски. Според ВМРО-ДПМНЕ текстот по кој се водеше јавната расправа во собранието и по кој експертите ги дадоа своите видувања и своите заклучоци се уште е драфт верзија, која не е дадена како предлог текст до Собранието на Република Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ако министерката Дескоска зборува за оној предлог текст кој што е во собраниска процедура веќе имаше поднесено амандмани