Градоначалникот на Шуто оризари, Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016-та во оваа држава смее да тепа, киднапира, навредува и да се заканува, а да не биде казнет ниту со ден поминат во затвор ниту со парична казна.
За физичкиот напад врз Демир Исмаил, кој е претседател на Европската ромска дијаспора, Дудуш остана неказнет.
Изненадувачко за сите кои барем малку веруваат во правниот систем, за крвничко претепување, Дудуш помина само со судска опомена.
Во судницата, градоначалникот призна вина и рече дека жали за стореното. И верувале или не-ТОЛКУ!
СДСМ, партијата која застана зад Курто Дудуш и му ја даде поддршката, не се изјасни по оваа пресуда.
Дудуш инаку е вмешан и во уште поголем скандал и кршење на закон, ни ниту тоа не е доволно за СДСМ да се огради од него и да повика да биде казнет.
За постетување – свиркач до редакцијата на „Економски Лидер“ достави аудио снимка на која се слуша како градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, лишува од слобода, тепа и измачува човек во неговиот кабинет.
-Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа. – вака со лишување од слобода, почнува аудио снимката, која свиркачот ја достави до нашата редакција.
Понатаму во аудиото, се слуша како градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесниот Сенат, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.
Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…
Се слуша и како Дудуш, додека тепа, вели дека тој е градоначалник и тепаниот не му може ништо затоа што гласот не му се слуша во Шутка.
Во моментот се води постапка за новинарот кој ја објави снимката и кој веројатно ќе добие поголема казна од казната која за нападот врз Исмаил, вториот случај кој прв доби пресуда, само со судска опомена мина градоначалникот Дудуш.
Градоначалник на СДСМ прислушкува и се заканува, партијата нема ништо против
Граданочалникот на Општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат.
Економски Лидер стигна до ексклузивно видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.
-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.
Овој скандал не ги вознемири многу во неговата матична партија. СДСМ не покажа дека има против ваквото однесување на своите функционери.
Но, им пречи Цветан Трипуновски, заменик министер во МЗШВ во техничката Влада.
„Со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор. Ништо друго и не може да се очекува од кадар на Груевски, лице против кое се води кривична пријава за злоупотреба на службената должност и човек кој организира протести на лажни земјоделци. Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар надвор од насилничката, режимска матрица и затоа се што може да очекува на 12 април е нов убедлив пораз“-се наведува во соопштението на СДСМ.
Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ влезе во секторот ветувајќи бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред земјоделците. Обелоденувајќи скандали во работењето на функционерите на СДСМ, Трипуновски го разбуди стравот од разобличување на сопартијците на Заев.
Затоа, овој човек им пречи на социјалдемократите. Тие, не поддршуваат луѓе како Трипуновски, туку насилници како Дудуш и заканувачи како Стојановски.