СДСМ пред утрешните внатрепартиските избори, масовно го повикува членството на гласање. Иако претходно се фалеа дека на изборите ќе излезат речиси 69.000 активни членови, денеска праќаат СМС пораки, но не само до нивните членови, туку до кого стигнат.
Граѓани, кои не се партиски членови на СДСМ добиле вакви пораки, а по некоја СМС стигнала и до членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Во ек на пандемијата, кога црните бројки вртоглаво растат, изборите на СДСМ ќе се спроведат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места, кои ќе бидат отворени од 08 до 19 часот.
Ќе се гласа само еден кандидат за претседател на партијата- актуелниот Зоран Заев.
Самата СДСМ, како дел од власта воведе полициски час во целата држава од 22 часот навечер до 5 наутро, со цел да се намали или спречи ширењето на корона вирусот и не ја исклучува и можноста за дополнителни рестриктивни мерки. А од друга страна пак, организира внатрепартиски избори на кои очекуваат дека ќе излезат речиси 69.000 активни членови на партијата.
Граѓаните со право се револтирани и реагираат дека додека тие се затворени дома, почитуваат мерки, бидејќи во спротивно се „удрени по џеб“, близу 70.000 граѓани ќе имаат контакти меѓу себе во затворени простории на општинските организации на СДСМ низ Македонија.