петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ преку НВО со државни пари ќе плаќа владини реклами, и ќе дели поткуп на фирми и граѓани“

„СДСМ преку НВО со државни пари ќе плаќа владини реклами, и ќе дели поткуп на фирми и граѓани“

СДСМ преку невладините организации кои ги полни со пари пред избори сака да плаќа владини реклами, да дели поткуп на фирми и граѓани и сето тоа со државни пари преку таканаречениот невладин сектор, рече на денешната прес-конференција Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ со овој проект, како прв приоритет на Владата нотира дека е информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции за спречување на ширењето на корона вирусот COVID-19, што всушност подразбира: Активности за информирање на јавноста за следење на препораките на министерството за здравство, особено важноста на придржувањето кон мерката за самоизолација и задолжително носење на заштитна опрема на лицето. Ова значи дека власта директно преку НВО сака да плаќа владини реклами. Ова е класична злоупотреба. За што станува збор? Се работи за вкупно 30.000.000 денари, и како единствен услов за аплицирање е НВО субјектот да е регистриран како невладина организација и да приложи само тековна состојба од Централниот регистар. Тоа е единствената потребна документација што доволно кажува за сомнителниот карактер на огласот и нечесните намери на власта. Откако се истрошија пакетите на семејството Заеви, сега СДСМ ќе купува гласови директно со пари од буџетот, преку финансирање на нивните невладини за делење на хуманитарни пакети како дел од кампањата на Социјалдемократскиот сојуз. Имено НВО ќе може да врши и набавка и дистрибуција на хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи, на локално ниво. Ова претставува класичен, масовен поткуп во пресрет на претстојните парламентарни избори, истакна Василевска.

Василевска вели дека поткупот е насочен и кон стопанството. Владата со оваа програма признава дека мерките за помош на стопанството се намерно димензионирани како непрактични, за отпосле преку невладини организации да даваат помош на кого сакаат, а не на секој, како што тоа треба да биде доколку истата се дели преку институциите на системот.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ, во оваа прилика ви укажуваме само на неколку, но самиот оглас изобилува со крајно нечесни, бесмилени, коруптивни и манипулативни видови на проекти за кои ќе бидат потрошени приближно пола милион евра буџетски пари. Зарем ова не е потценување на интелигенцијата и деградирање на сопствениот народ?! Очигледно е дека се работи за уште еден коруптивно менаџиран трансфер на пари и уште еден обид на СДСМ со буџетски пари да спроведува масовен поткуп. И во најтешките моменти за државата, Социјалдемократскиот сојуз не се воздржува да троши огромни суми на народни пари за своите коруптивни и манипулативни кампањи. Време е да се стави крај на ова самоволие и јавните фондови наместо за корупциски транши предвидени пред секои избори, треба да се отворат за сите невладини организации, со цел враќање на независноста и достоинството на граѓанските активисти. Од тие причини бараме итно поништување на огласот. Ова е класичен поткуп, потенцираше Василевска.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија, додава таа.

 

Најнови вести