СДСМ во предизборието промовираше еднакви права и обврски и за жените и за мажите. Но, како и секое ветување така и ова ветување на СДСМ не се реазлираше. Не само што не го реализираше, туку лидерот на СДСМ Зоран Заев и лажеше. Непосредно пред почеток на кампањата тој најави дека „Во секоја изборна единица СДСМ ќе има по двајца носители маж и жена. Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден нов квалитет, освен бројката од 50 отсто жени ќе имаме по една носителка на листа жена и по еден маж носител“.
Најавата, поточно предизборната лага резултираше, колку за илустрација со помалку жени министри во Владата. Ако се спореди во претходната Влада на СДСМ имаше 5 министерства кои беа управувавни од жени, а сега во оваа Влада има 4 министерства кои се управувани од жени. Значи трендот е надолен, а не како што најавуваше Заев.
За оваа дискриминација, за доделувањето на државната награда„8 Септември“ се огласи и познатата алпинистка Илина Арсова укажувајќи дека и државните награди се делат само на мажи.
-Прочитав вест дека се објавени добитниците на државната награда „8 Септември“. Меѓу добитниците не прочитав ниту едно женско име! Малку истражив и се уверив дека и години наназад меѓу наградените спортисти нема жени. Сепак АМС веќе 7 години промовира „СТРАТЕГИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ 2013-2020“?! Сите се сеќаваме на 2013 кога АМС направи голема неправда при доделување на наградите „Спортски оскар“, деградирајќи го успехот за искачување на Монт Еверест од прва жена од Македонија, пишува на својот фејсбук статус Арсова.