сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ со предлогот за откажување на државното финансирање ја отвора вратата за корупција, а во исто време демонстрира лицемерие

СДСМ со предлогот за откажување на државното финансирање ја отвора вратата за корупција, а во исто време демонстрира лицемерие

Министерката за правда Рената Дескоска речиси не се откажува од намерата да се укине финансирањето на политичките партии за оваа година.

Имено со намерата на министерката Дескоска за откажување на државното финансирање на партиите практично се поставува и прашањето во јавноста дали таа сака да ја отвори вратата на илегално финансирање и за перење на рекетирани пари?

Впрочем законот се донесе за да се спречи таква појава, а со оваа одлука СДСМ признава дека не им е проблем да обезбедат неколку милиони евра пари во услови кога пари нема. Тоа сигурно во тој случај би биле црни пари.

Воедно функционерите на СДСМ останаа глуви на повиците на ВМРО-ДПМНЕ за откажување од државната функционерска плата што е доказ за лицемерието и двојното лице на СДСМ.

ОД ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение бараа на денешната владина седница на која ќе се расправа за доброволно откажување од платата на Рената Дескоска од 70 илјади денари, на братучедот на Дескоска, Николче Тасевски да кој ќе се откаже од платата од 188 илјади денари, на Оливер Спасовски од 90 илјади денари, на Радмила Шекеринска од 80 илјади денари повикуваме да се расправа и за законот за финансирање на политички партии.

-Да не се заборави и на Дамјан Манчевски кој ќе ја докаже хуманоста кој ќе се откаже од платата од 70 илјади денари, Мила Цароска од платата од 74 илјади денари и Роберт Поповски од платата од 72 илјади денари како и Никола Димитров од платата од 72 илјади денари. Се додека ова не е се случи излегува на површина лицемерието на Дескоска, Спасовски и цела дружина на Заев, на виделина излегува целата неспособност на Владата на Заев. За 3 години Владата на СДСМ потроши 11 милиони евра за служени патувања, репрезентации, кафеани и ресторани, непродуктивно трошејќи ги мачно заработените пари на граѓаните. 3 години капиталните инвестиции беа на катастрофално ниско ниво, немаше изградба на нови болници, немаше набавка на медицинска опрема, напротив Македонија секоја година губеше 100-тици доктори благодарение на иселувањето, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека во време на вонредна состојба министрите на Заев, Шекеринска и Димитров потрошија 8 милиони денари на кафеани и службени патувања. Македонската економија е во очајна состојба, на стопанството му е потребна сериозна помош за да ја преброди кризата со корона вирусот, во овие тешки времиња на граѓаните најмалку им е потребно политиканство.

Инаку темата стана актуелна откако лидерот на СДСМ Зоран Заев излезе со листа на мерки што треба да ги донесе Владата како одговор на последиците предизвикани од кризата со корона вирусот. Предлозите предизвикаа бура реакции кај владините функционери при што се покажа дека сите сакаат помош и се согласуваат со нови задолжувања, но ретки се тие што се подговени да поддржат штедење или да се откажат од некои свои приходи.

Најнови вести