петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ со ултиматум: Ако нема избори во јуни, се враќа политичката влада, редовни избори во декември

СДСМ со ултиматум: Ако нема избори во јуни, се враќа политичката влада, редовни избори во декември

Како што објави „360 Степени“, раководството на СДСМ, според извори од партискиот врв, останува на ставот дека парламентарните избори треба да се одржат до крајот на јуни, независно од најавите дека утре ќе има нов предлог од Владата за продолжување на вонредната состојба, а потоа веројатно и одлука во таа насока од претседателот Стево Пендаровски.

Ако нема договор меѓу партиите за избори до крајот на следниот месец, тогаш во СДСМ сметаат дека изборите треба да се одржат во редовниот термин и тоа во последните можни рокови – односно на 29 ноември или на 6 декември, со тоа што во меѓувреме би се вратила и политичката влада. Таа можност, наводно, партискиот лидер Зоран Заев ја презентирал и на лидерската средба во вторникот.

Повеќе прочитајте на 360 Степени

Најнови вести