четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ вработува партиски војници- поради нивната неодговорност се поплави училиштето во Струга (ФОТО)

СДСМ вработува партиски војници- поради нивната неодговорност се поплави училиштето во Струга (ФОТО)

Власта предводена од СДСМ и Зоран Заев продолжува со брутална партизација на државните инстиуции. На местото на досегашните вработени, кои се бркаат од работа само поради партиската неподобност, СДСМ масовно вработува свои партиски војници кои се целосно некадарни и неодговорни. Заев на дело го спроведува планот за бракње од работа „од чистачка до министер“.

Последен пример за партиацијата која ја спроведува СДСМ е бркањето од работа на чистачки од основното училиште „Јосип Броз- Тито“ во Струга, на чие место се вработени партиски активисти на владејачката партија.

Дека станува збор за крајно неодговорни лица кои работа добиле благодарение на партиската определеност, покажува фактот што истите тие нововработени го доведуваат училиштето во катастрофална состојба, бидејќи училиштето во Струга е целосно поплавено, поради тоа што сите чешми на третиот спрат во петокот биле оставени пуштени и течеле постојано цели три дена.

Кога училиштето било отворено денеска, можела да се види огромната количина на вода, односно истото било целосно поплавено поради неодговорноста на лицата кои благодарение на партискиот активизам добиле работно место.

СЕ ЧИСТИ ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Преку 160 семејства денес останаа без месечните приходи, СДСМ брка луѓе и прави место за вработување на партиски војници!

Преку 160 фамилии денес останаа без месечните приходи, откако партиската машинерија на СДС започна со празнење на работните места со цел вработување на партиски активисти во државните институции

Преку 120 лица вработени во образовните институции во Прилеп, како и 23 лица од општинската болница но и 20 вработени во градинките во општината денес останаа на улица, без редовни месечни примања поради потребите на СДС за отворање на работни места на кои треба да се сместат партиските активисти на партијата.

На сметка на тоа, професионалците ќе трпат за леб, а преку 160 семејства од Прилеп ќе бидат ставени на работ на егзистенцијата.

СДС започна со брутална партизација на сите државни институции уште за време на краткото раководење во техничката влада, а таквиот тренд со уште позасилено темпо продолжи и по нелегалното формирање на владата.

Освен ова, денес агенцијата за патишта распиша оглас за вработување на 94 лица, а во партиските испостави на СДС веќе се прават списоци за тоа кој ќе добие работно место за плата од 500 евра на патарините.

Најнови вести