вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ згази врз Уставот само да му се додвори на ДУИ: За Десковска законот за двојазичност е неуставен

СДСМ згази врз Уставот само да му се додвори на ДУИ: За Десковска законот за двојазичност е неуставен

„ Во корист на сите граѓани на Република Македонија е да не се отвора Уставот и да не се прават неуставни решенија. Бидејќи не уставните решенија се со ризик дека утре најлегитимно било кој Уставен суд, овој состав јас не го третирам дека е Уставен суд кој што решава врз основа на Уставот. Но, утре некој професионален Уставен суд ќе може многу лесно да ги падне“

Ова е став верувале или не лично на Рената  Десковска, сега дел од владата на СДСМ како министер за образование и наука, дадена во период додека Заев манипулираше со јавноста дека нема да донесува  антиуставни закони. Десковска во емисијата Топ Тема на Телма од 17 март 2017 година ги повторуваше манипулантните ставови на сегашниот премиер. Во тој период СДСМ заедно со сите нејзини функционери ја убедуваше јавноста, но и претседателот Иванов дека нема да поддржи закон за двојазичност кој се коси со Уставот на државата.

„ Со оглед на тоа што парите се користат на територија на цела Република Македонија, а ставот  1 е јасен дека ограничува македонски јазик како јазик кој што е службен на целата територија. Така што моите професионални познавања зборуваат дека такво барање, односно такво решение не би било уставно и јас тоа најодговорно го кажав и во рамките на партијата, а го кажувам и јавно. Мене ми е драго и јас мислам дека во Македонија треба експерти да го толкуваат  Уставот, а политичките партии да ги слушаат експертите, рече Десковска во емисијата.

;

Евидентно е дека Десковска заедно со својата партија СДСМ го погази Уставот и принципите за кои зборуваа дека ги имаат за да му се додворат на ДУИ  и да продолжат да владеат.

Според Десковска толкувањето на Уставот треба да се остави на експертите, а политичарите треба да ги слушаат експертите. СДСМ очигледно ги прегази своите принципи, па за партијата и нејзините пратеници сосема безначајни беа  апелите и писмата  на професорките Силјановска, Груевска-Маџоска и Ќулавкова кои неколкукртано укажуваа на неуставноста на законот за двојазичност кој го изгласа СДСМ.

Дека  законот за двојазичност  е неуставен и ги надминува и границите  на рамковниот договор напиша и професорката Каролина  Ристова  Астеруд, бивш пратеник од редовите на СДСМ и професорката Ана Павлова Данева, поранешен потпретседател на СДСМ и пратеник од таа партија.

Очигледно е дека ставот на овие уставни и правни експерти за СДСМ  не значи баш ништо. Ставот на експертите за СДСМ е важен само кога тоа им оди во полза на партиските политики, но не и кога таквиот став е во спротивност со политиките кои ги спроведува партијата за одржување на коалицијата и непречено владеење преку  пазарење со неуставни дејствија.

Најнови вести