петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се бара одговорност за пробиената акција: Нарко босовите на групите во Грчец и Гази Баба се во бегство

Се бара одговорност за пробиената акција: Нарко босовите на групите во Грчец и Гази Баба се во бегство

Нема најдено дрога кај групата од скопско Грчец, не се уапсени ниту нарко босовите, туку само дилерите.

Цела година двајца јавни обвинители заедно со истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ги следеле двете криминални групи чии членови вчера беа уапсени во голема полициска акција „Планина“ во Грчец и Гази Баба, соопшти денеска шефицата на ова обвинителство Вилма Русковска.

Во овој период, рече таа, собрани се доволно докази за нивната недозволена трговија со дрога – главно кокаин, преку низа специјални мерки – следење комуникации, тајно следење и снимање надвор од приватен имот.

-Засега нема доказ за поврзаност на двете групи туку ќе бидат процесуирани како два посебни предмети, рече Русковска.

Во Грчец извршен е претрес на 26 локации во село Грчец, приведени се 13 лица, од кои на 9 им е изречена мерка притвор, на тројца куќен притвор, и за едно лице мерка за претпазливност. Пет лица се недостапни, рече Русковска, додавајќи дека еден од приведените е малолетник и тој ќе биде процесуиран според соодветните закони.

Во Гази Баба, рече Русковска се извршени претреси на 9 локации, осум лица се приведени и во притвор, а едно е во бегство.

Од двете групи, одземени се 80.000 евра, повеќе од 300.000 денари, 500 франци, а од дрога – 5 килограми марихуана и 600-700 грама кокаин.

Русковска нагласи дека од почетокот на истрагата не очекувале дека ќе наидат на големи количества дрога иако членовите на групите се осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прокурсори“, сепак дрогата која ја препродавале ја складирале на безбедни локации.

-Најголем дел од парите и дрогата се пронајдени при претресите во Гази Баба, а само мал дел е пронајден и одземен во Грчец, рече обвинителката која се надева дека од одземените телефони ќе излезат докази за друго кривично дело.

Таа нагласи дека истрагата е пробиена, но нема информации за евентуална вмешаност на вработени во МВР во тоа.

-Петмината главни кои се во бегство и по кои се трага, ако беа фатени и им беа одземени телефоните ќе имавме повеќе докази, но ќе вложиме напор од електронските уреди кои се одземени да видиме дали има поврзаност со вработении во МВР или други институции и во сите случаи каде ќе се докаже тоа, инволвираните ќе бидат изведени пред лицето на правдата, децидна е Русковска.

Иако станува збор за масивна акција за сузбивање на наркодилерска мрежа, Русковска истакна дека жалење што се фатени само продавачите на дрога.

-Обвинителството има доволно докази за наркобосовите и се надевам дека наскоро ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата, рече Русковска.

Реакции: Одговорност мора да има!

Залудно Оливер Спасовски ја лажеше јавноста кога денес се соопшти дека акцијата „Планина“, во која што беше кажано дека е сузбиена огромна нарко – група, всушност се сведува на запленети неколку десетици грама дрога и слобода за главните нарко – босови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Одговорот кој и зошто ги пуштил да се спасат главните нарко-босови може да се најде и на фотографиите каде се гледаат луѓето од власта, вклучително и првиот полицаец Оливер Спасовски, во нивно друштво. Спасовски треба да одговара затоа што е пробиена акцијата и што им е овозможено бегство на нарко – босовите. Во ваквиот мафијашки синџир неизоставен дел е и партиската обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска, која исто како и МВР на Спасовски вчера се фалеше дека е разбиена нарко – група, за да денеска ретерира и ја соопшти вистината. Луѓето од власта се способни само за криминал, посочуваат од партијата.

Кој од врвот на власта ги штити наркобосовите од Грчец и Арачиново? Кој е кртот, не е вистинското прашање! Акцијата е изминирана во корен, тоа не го издал некој службеник, туку висок функционер, посочува Дарко Костовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Рибата смрди од главата! Вистинското прашање кој од врвот на власта си ги спасил извршителите од Грчец и Арачиново!?

Спасовски, да не си помислил да се вадиш! 5 години си министер во МВР, ова е недозволиво! Поднесиси оставка веднаш!

Оставка, затоа што се додека оваа криминална багра е на власт нема и не може да има правда.

ПС. Чекам коментар и од Љупчо Николовски Путерот, секако ако не е зафатен со работа од 16 часа или одмор во Дубаи“ – посочува тој.

Обичниот граѓанин “лежи” во затвор за кебапчиња. Обичниот граѓанин се апси, и се носи во полициска станица затоа што шетал без маска, посочува пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ.

-Обичниот граѓанин се апси и се затвора затоа што го критикувал јавно Премиерот. АМА наркобосовите се слободни, тие им ги пробиваат акциите на “моќните” МВР и Јавно Обвинителство. Слободни се и оние кои запалија повеќе од 300 автомобили само во Скопје за нецели 4 години, ниту еден немаат пронајдено. Одговорност нема! И, нема да има. Така се обидуваат да не “истренираат”, тоа да ни стане нормално. Многу се лажете господа, ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА и тоа за многу скоро, порача Пренџов.

Најнови вести