Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од вчерашните и се во рамките на просекот за март. Исклучок се реките Брегалница, на мерното место кај Берово, и Струмица кај Ново Село, каде нивото е повисоко од вчерашното.
Последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчерашниот, но сепак е за четири сантиметри понизок од просечниот.
За 89 сантиметри понизок од просечниот е и водостојот на Преспанското Езеро иако е ист со вчерашниот. Исто ниво како вчера има и Дојранското Езеро, но е за 2,78 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.