четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се одлага реализацијата на првиот термин од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година

Се одлага реализацијата на првиот термин од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година

Реализацијата и спроведувањето на првата група корисници од Проектот бањско – климатска рекреација за 2020 година, ќе се одложи согласно Заклучок од седница на Владата на Република  Македонија.

Како што соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за корисниците на услугата што се рангирани во првиот термин, односно од 22.03.2020 година до 28.03.2020 година, нема да се реализира услугата во одредениот термин поради мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата.

За повторно упатување за користење на услугата, корисниците навремено и дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Исто така, се замолуваат странките да ја користат апликацијата за on line поднесување барање заради заштита на нивното здравје, се наведува во соопштението од Фондот. (МИА)

Најнови вести