петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се одложи судењето за Жан Митрев, докторот пречекан со транспаренти

Се одложи судењето за Жан Митрев, докторот пречекан со транспаренти

Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај.

На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје беше присутен Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани, кои држеа транспаренти „Профитер на грбот на болните” и „Бараме правда”.

Причина за повторното одложување на процесот е тоа што одбраната „не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се уште се во Апелација“.

Судот претходно го прифати барањето на Обвинителството за замрзнување на имотот на Клиниката „Жан Митрев“, на која што одлука одбраната се жалеше пред Апелација.

Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева, побара од Судот да се закажат повеќе следни рочишта со цел предметот да добие на динамика, додека одбраната на Жан Митрев побара доволен простор од најмалку два месеци за да се запознаат со списите на предметот, како и да се обезбедат соодветни услови за судење.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.

Денеска пред судот каде требаше да продолжи судскиот процес против Жан Митрев роднините на оштетените го пречекаа со транспаренти на кои пишуваше „нашиот роднина не умре од ковид, туку од пропустите на жан митрев“,„хемофилтрацијата ги удави нашите роднини, бараме одговорност“

,,Денешното рочиште и условите во кои се одвива покажува дека против д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев се води инструиран процес и организирана хајка за неосновано обвинение. Присуството на луѓе со транспаренти на денот на рочиштето чиј датум и време на одржување не беше јавно објавено, говори дека сѐ поврзано со овој процес е претходно организирано и се води според нечија агенда. Организирање на луѓе со транспарентни кои повикуваат на линч, создаваат атмосфера како се да е веќе решено, е најостро рушење на правдата и одземање на правото да се докаже невиноста и вистината. Велат од Клиниката Жан Митрев.

извор: kanal5.com.mk

Најнови вести