Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари, по вчерашниот инцидент во кој повредени беа три лица ги повика своите сограѓани да останат смирени и да покажат трпение, за успешно спроведување на истражниот процес.
-Во однос на вчерашните случувања во општина Шуто Оризари ги повикуваме сите сограѓани да останат смирени, да се воздржат од ескалации и да покажат трпение во интерес на успешно спроведување на истражниот процес. Ве информираме дека сите релевантни фактори ја следат безбедносната ситуација која е од круцијална важност за сите сограѓани и работат со цел расветлување на случајот. Ги повикуваме граѓаните од општина Шуто Оризари да бидат претпазливи, доколку сметаат дека е потребно да ги придружуваат децата до училиштата/градинките да го направат истото, да не го попречуваат редовното присуство на децата во училиштата/градинките и непречено да ги одвиваат секојдневните активности, напиша на Фејбук градоначалникот Дудуш.
Граѓаните на Шутка кои вчера сведочеа за КУРИР, велат дека лицата кои ги фатиле имале обиди да киднапираат деца од нивната општина.