понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се појави адвокатот на Заев, градоначалникот шверцер на цигари пуштен на слобода

Се појави адвокатот на Заев, градоначалникот шверцер на цигари пуштен на слобода

Наместо „се занимавале“ со пренесување  на непријавена стока во „се обиделе“ да извршат пренесување на непријавена стока.

Иако беа живи фатени од страна на полицијата при нивниот обид за шверц на 35 илјади кутии цигари во вредност од 5.5 милиони денари, петмината обвинети на чело со градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев добија преквалификација на делото за кое првично беа обвинети.

Тоа, всушност, на целото дело му даде друга насока во извршувањето.

Невидена фарса се одвиваше денес во просториите на струмичкиот суд.  Како адвокат на обвинетиот градоначалник од редовите на СДСМ се појави личниот адвокат на премиерот Зоран Заев. Потоа беше донесена одлуката, градоначалникот шверцер на цигари да биде пуштен на слобода. Тој излезе од притвор и до правосилност на пресудата ќе остане дома.

Пред воопшто да започне судењето, уште пред изведувањето на обвинителниот акт, обвинителката задолжена за овој случај го преквалификува делото- наместо да бидат гонети за криумчарење на непријавена стока, тие се обвинети за обид за криумчарење.

Вакво нешто се случи и при судењето на неговиот партиски шеф Зоран Заев во врска со неговото судење за случајот „Поткуп“ и на очиглед на целокупната македонска јавност делото му беше прекфалифкувано.

Судењето на Стојчев како почна експресно така и заврши експресно. Пресудите изречени од страна на судот покажаа дека речиси целото потесно семејство на Стојчев било вклучено во „фамилијарниот бизнис“.

Градоначалникот Стојчев доби 1.5 години затвор, неговата сопруга Јулијана Стојчева која исто така била вклучена во криумчарењето добила „само“ условна казна. Неговиот син, Виктор Стојчев 1 година, а исто толку доби и неговиот внук Горан Стојанов, додека неговиот пријател Митко Тодошевски доби 10 месеци.

Познавачите посочуваат дека овие изречени казни се срам за судството и за добрите познавачи на законите со оглед ако се знае дека градоначалникот Стојчев и неговата сопруга и претходно се осудувани за други дела.

Стојчев и во 2015 година е осуден со 2 правосилни судски пресуди. Едната е со условна затворска казна доколку делото не го стори во наредните 4 години, а втората е парична казна додека неговата сопруга е правосилно осудена во 2013-та година со парична казна.

 

Најнови вести