четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се појави лажен профил на Инстаграм, итно се огласија од Црвен крст

Се појави лажен профил на Инстаграм, итно се огласија од Црвен крст

Црвениот крст во Македонија предупредува дека на Инстаграм се појавил профил под име crvenkrstbalkan.

-Таа организација не е дел од Црвениот крст, бидејќи никогаш не постел Црвен крст Балкан. Во секоја земја има само една организација на Црвен крст. Црвениот крст на Северна Македонија е членка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина која брои 192 земји и целата помош и поддршка за настраданите во Турција и Сирија ја реализира координирано и со насоки од Меѓународната Федерација и Црвената Турска Полумесечина. Секој може да работи, да помогне на луѓето, но тоа да го прави во сопствeно име почитувајќи го интегритетот на секоја друга организација и без употреба и злоупотреба на логото и името на некоја друга организација како што во случајот е името на Црвениот крст, велат од Црвениот крст.

За овој случај на злоупотреба се информирани надлежните органи.

Најнови вести