Откако се обелодени дека надвор од функција се две мерни станици, на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми, пред неколку дена се обелодени дека мерната станица во Велес веќе не работи година дена.
Инаку, мерната станица во Велес, која е сместена во Детската градинка во Тунел, речиси една година не мери ПМ-10 честички, но затоа ги мери другите параметри на загадување на воздухот: како сулфур диоксид, јаглен моноксид и азотни оксиди. Со започнување на грејната сезона, велешани деновиве се жалат на зголемено загадување на воздухот, а поради што имаат отежнато дишење, особено во вечерните и раните утрински часови. По објавувањето дека овие дека мерни станици не работат, се уште нема соопштение дали дефектот е поправен и зошто не работат.
Зошто токму мерните станици во овие најзагадени општини не работат? Дали тоа е случајност или пак власта сака да ја сокрие загаденоста во овие општини. Граѓаните се повеќе мислат дека кампањата на СДСМ е базирана само на ветувања за чист воздух. Токму ветувањето за чист воздух е возможно и да пропадне заедно со другите ветувања што беа за успешна економија, за подобар здравствен систем и подобро образование