Дури 11 милиони евра за период од половина година државните институци дале за договори во четири очи, без објавување на оглас, анализира ФАКТОР.
Ова го покажал Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година.
Клучните наоди од мониторингот на Центарот за граѓански комуникации го покажуваат следново.
Институциите не се консултираат со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во мониторираниот период, спроведен е технички дијалог само за 1,4 отсто од тендерите, а и во овој симболичен процес на консултации се забележуваат пропусти.
Во мониторираниот период, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 11 милиони евра, што е за 15 отсто повеќе од истиот период претходната година.
На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда. Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 година упатува на минимално подобрување во однос на истиот период во 2019 година, но влошување во однос на целата 2019 година.
Целата анализа прочитајте ја на ФАКТОР