Изминатиов период многу поддржувачи на СДСМ, јавно ја критикуваат работата на владата на Зоран Заев.
Активисти на некогашната „Шарена револуција“, кои вандализираа низ повеќе градови со цел СДСМ да дојде на власт, сега кога истиот тој СДСМ е на власт, го искажуваат својот револт.
Социјалните мрежи вријат од незадоволството и разочараноста кај некогашните најгласни поддржувачи на СДСМ.
Меѓу нив и Мери Николова Буџаку, кога пред 5 години активно работеше во кампањата на Пендаровски.
Сега таа пишува:
„За Стево на претходните претседателски избори многу работев и финансирав. Лично му честитав за изборот за Претседател на мобилен. Тој е добар човек, но нека ми прости. И јас имам своја гордост.
Се додека имаме министер за смрт кој не распишува тендери за лекови на лица со ретки болести. Се додека бројчаникот не проработи. Се додека немаме правна држава јас не излегувам и не гласам за никој ниту сега ниту во иднина. Но битно е тоа дека не сум само јас со ваков став, многу сме. Знаеме за што се боревме и стоеме цврсто зад тоа. Мразам дволични луѓе и подалеку од таквите“-вели Николова Буџаку.
На нејзиниот статус, реагираат и “соборците“ од шарената револуција. Тие велат дека револтот им е настанат затоа што не се исполнети ветувањата кои им биле дадени, дека власта не се грижи за здравјето на граѓаните. најавуваат бојкот на претстојните избори.
Николова Буџаку со уште една критика до власта:
„Претходните со мерцедес 600.000 евра.
Сегашните со авион 20.000.000 евра.
Па нели ќе се штеди за граѓаните, што ви текна сега?“-напиша таа.