четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се прават антитерористички проверки по дојавите за бомби во скопските училишта

Се прават антитерористички проверки по дојавите за бомби во скопските училишта

Девет училишта и денеска добиле закани за поставена бомба. Од МВР за МИА потврдија дека попладнево околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера, исто така, по меил осум скопски среди училишта добија закани за подметнати бомби. По направените проверки утврдено беше дека станува збор за лажни пријави. (МИА)

Најнови вести