петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се слават 40 години од прогласувањето за почесен граѓанин на Мајка Тереза, на која градскиот „татко“ Шилегов веднаш би и го срушил споменикот во изградба

Се слават 40 години од прогласувањето за почесен граѓанин на Мајка Тереза, на која градскиот „татко“ Шилегов веднаш би и го срушил споменикот во изградба

Пред спомен-плочата на Мајка Тереза на плоштадот во Скопје, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ – Скопје, денеска ќе ја одбележат 40-годишнината од нејзиното прогласувањето за почесен граѓанин на Град Скопје.

Ќе биде откриен натписот на спомен плочата, а од Институтот ќе информираат за финализирањето на процесот на институционализација на Одделот за наследството на Гонџа Бојаџиу.

Оваа активност е и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Хуманитарното здружение „Мајка Тереза“ – Струга и Агенцијата за примена на јазикот.

Претходно, малку пред да се зарази со КОВИД-19, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека ако Владата распише конкурс за пренамена на недоизградениот споменик на Мајка Тереза, тој  ќе учествува со идејно решение за изградба на улица. Откако од Министерството за култура најавија дека наскоро ќе распишат конкурс за избор на идејно-архитектонско решение за пренамена на објектот, градоначалникот Шилегов не се откажува од намерата споменикот да се урне бидејќи наводно бил дивоградба изградена сред улица која го блокирала влезот на Плоштадот Макеоднија, наводно кршејќи го Уставот и низа закони.

„Ако Владата наместо да го урне распише конкурс за решение во што да се пренамени објектот, тогаш Град Скопје ќе конкурира со идејно решение за улица. Доколку се оспорува можноста Градот како институција да учествува на јавниот конкурс, тогаш јас лично како граѓанин ќе доставам проект за изведба на улица. Бидејќи во конкурсот ќе има и награди, парите од наградата доколку решението за ослободување на овој простор победи, а се надевам дека ќе победи, ќе бидат наменети токму за изградба на улицата“,изјави Шилегов, кој набрги по тоа заболе од корона.

Најнови вести