Сакам да ја информирам јавноста дека движењето Беса стои на ставовите дека треба да падне овој режим, а случувањата со пратеникот Кастриот Реџепи покажуваат дека оваа власт е подготвена на се за да остане во своите фотелји, истакна првиот човек на партијата Беса и нов градоначалник на Тетово, Билал Касами.
– Се додека тој не излезе дека овој став е негов и тоа е доброволно, јас како прв човек на Беса можам да се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание да ја искаже својата политичка позиција. Од вчера не сме контактирале со него – истакна Касами.
Ако се потврди дека ова е негов доброволен став, партијата ќе преземе мерки согласно статутот, но во моментов за партијата е најважно здравјето на пратеникот Реџепи и комуникацијата со него.