вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се спрема ли повторно изборен фалсификат и нелегитимно раководство во Стоматолошка комора!?

Се спрема ли повторно изборен фалсификат и нелегитимно раководство во Стоматолошка комора!?

Од 05 до 12 април 2023, ќе има избори за предлог делегати на Стоматолошка комора на Македонија, во сите 22 региони, кои ќе се стават на изборни листи, а избраните делегати ќе одлучат кој да биде претседателот на комората.

Бидејќи никаде досега не е објавено каде ќе се одржуваат собирите за предлагање делегати, нема дата и час, истото укажува на нетранспарентност и фалсификат.

Од друга страна уште на самиот почеток има прекршување на повеќе процедури кој ќе го направат изборот нелегитимен и оспорлив.

Воедно актуелниот претседстел на комората Маријан Денкоски и кандидат за повторен избор, пред само  еден месец си донел нов Статут на комората, по негов терк и е дискриминирачки по повеќе основи за многу стоматолози.

Се дискриминираат младите доктори, со што за учество им се бара повеќе години стаж.

Во одредени градови како Тетово Гостивар, стоматолозите Македонци немаат загарантирано место за делегат како што беше досега, тоа право им припаѓа само на малцинствата.

За претседател на комората повторно дискриминација, бидејќи се бара 2 мандати претходно во исклучиво 2-3 тела во комората, со што се елиминирани еминентни квалитетни стоматолози од приватно и јавно здравство, како и професори од факултетите во Скопје.

Дури немаат право ниту сите стоматолози да гласаат, со што комисијата за анти дискриминација ќе има полни раце работа.

Од друга страна, изминативе години , во повеќе наврати, дел од здруженијата на приватни стоматолози, ја запознаа јавноста, за злоупотреби од страна на актуелното раководство и претседателот на комората, во делот на јавните овластувања и злоупотреба на службена положба, во делот на континуирана едукација во стоматологијата и организирање на настани од неакредитирани здруженија, ред други малверзации во работењето, како и судир на интереси на актуелниот претседател на комората, за што ДКСК има два предмети и на својата 82 седница одржана на 14.02.2023 го повикува Министерството за здравство и ДСЗИ, да реагира и да даде одговор за претставката поднесена до нив.

Самиот актуелен претседател на комората и кандидат за следен мандат, изјавува дека е предлог на владејачката партија СДС и ја има нивната поддршка.

Дали е тоа така и дали СДС ги оправдува нерегуларностите во комората, треба да одговорат?

Воедно стоматолозите и дел од стоматолошките здруженија бараат активно вклучување на медиумите, како и надлежните институции, за да се стави крај на злоупотребите и нерегуларностите, како и да се спречи изборен фалсификат од кој ќе произлезе нелигитимен претседател и раководство на Стоматолошката комора.

Најнови вести