„Катар ервејс“ нема да ги продолжи летовите од Доха до Сараево и Скопје.
Линиите што ги поврзуваат Доха и Сараево, како и Доха и Скопје, нема да продолжат во зимската сезона откако беа откажани во март, пренесува СееБиз.
Според планот, „Катар ервејс“ требаше да ги продолжи летовите од Доха кон Сараево и Скопје на 25 октомври, но тоа нема да се случи, до почетокот на летната сезона во 2021 година, односно до 28 март.
Наместо тоа, катарската компанија за зимската сезона нуди конекција со Сараево и Скопје преку Загреб, Виена и Истанбул во соработка со „Кроација ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“ и „Пегасус ерлајнс“.