И додека Македонска пошта се дави во долгови, нејзиниот прв човек Јани Макрадули на почетокот на овој месец распиша конкурс за нови 280 вработувања.
И додека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ алудираше дека станува збор за вработувања на партиски војници, денес до редакцијата на КУРИР се обрати вработен во пошта кој вели дека тоа што се предвидуваше и се случи.
Имено јавниот оглас кој траеше неколку недели заврши, а на истиот се примени нови партиски војници, додека се бркаат старите кадри и нема да им биде продолжен договорот на истите.
-Од утре на неколку колеги од поштата во Велес нема да им биде продолжен договорот и од утре нема да доаѓаат на работа, а на нивно место ќе се примат нови кадри, вели нашиот извор.
Тој додава дека старите кадри се бркаат на улица не затоа што не знаат да работат, туку бидејќи треба да се примат партиски послушници на власта.
Инаку огласот беше објавен во ек на пандемија и криза во државата и кога самата пошта е во долг од околу 10 милиони евра.