Се затвора фабриката „Гришко Македонија“, која беше отворена во 2012 година во селото Слечпе, Демир Хисар, и која се занимава со производство на балетски опреми и опрема, се затвора. Погонот беше инвеистиција на познатата руска компанија „Гришко“ која произведува папучи, чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности.
Сопственикот се решил да го затвори погонот во нашата земја, и пред фабриката веќе може да се забележат камиони кои ги изнесуваат работите.
Директорот на „Гришко“, Николај Гришко, во октомври 2012 година беше во Македонија и имаше средби со тогашни владини функционери, и се реши да инвестира во земјава со погон за производство, главно, на балетски чевли.