четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седат ја најде Јасмина во градската болница откако и го спаси животот кај Ласкарци (ФОТО)

Седат ја најде Јасмина во градската болница откако и го спаси животот кај Ласкарци (ФОТО)

Сeдaт успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци, објави на неговиот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

„Неколку денови безуспешно барал информации низ болничите ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името. Поради тоа, Сeдaт преку медумите побара од мене да му помогнам да ја пронајде. Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина. Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот“, напиша Филипче.

Тој сведочи како Седат рекол дека никогаш нема да заборави како патничката го молела да и помогне во критичните моменти.

Најнови вести