вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седми ден од претседателската кампања, еве каде се денес кандидатите

Седми ден од претседателската кампања, еве каде се денес кандидатите

Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани, трибини и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.

На седмиот ден од кампањата, Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, ќе има средба со граѓаните на општина Куманово.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе одржи митинзи во Радовиш и Струмица.

Претходно во Скопје, ќе го посети пазарчето во Ченто, а ќе се сретне и со пензионери во населбата Хиподром. Таа ќе го посети граѓанскиот штанд од нејзината кампања во паркот Аеродром кај авиончето, по што ќе се сретне со претставници на О2 коалицијата во „Тренд Гастро“.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски ќе има средби со граѓаните на Сарај, Чаир, Кисела Вода и Карпош. Во Домот на АРМ ќе се сретне со пензионерите, а потоа ќе учествува на базарот „Youth Fest“ и на трибина со млади „Get up, stand up“ во фоајето на Националната опера и балет. Пендаровски ќе се обрати на трибините со граѓаните во Чаир и во Кисела Вода, а вечерта на граѓанската трибина во општина Карпош.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места. Пендаровски ја почна кампањата од Прилеп, Силјановска од Охрид и Река од Скопје.

Најнови вести