По серијата добрососедски извинувања на премиерот Зоран Заев, директна порака од Атина и Софија: Во договорите никој не признал македонска нација и јазик- ова беше една од темите во емисијата „Седмица“ со Коле Чашуле на ТВ Алфа.
Новинарот Чашуле, во последното издание на емисијата им порача на Заев и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, да ја тргнат настрана суетата и ароганцијата, па да формираат заедничко тело со опозицијата за заедно да се справат со загадувањето на воздухот.
Чашуле го постави и прашањето дали СЈО не успеа во намерата целосно да ја укине опозицијата, па оттаму се бара нов мандат за оваа институција.
Целата емисија погледнете ја во продолжение.