На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, се расправаше за општествено економската стагнација низ која поминува Република Македонија под водство на неспособната влада на СДСМ, соопштуваат од партијата.
-ИК оцени дека СДСМ нема капацитет да ја води Република Македонија. Државата се соочува високо ниво на задолжување, раст на БДП од 0%, пад на градежништвото од 20% и покачени цени. Покрај декларативните заложби на власта за ЕУ и НАТО интеграција отсуствува реална посветеност на реформите. И по 11 месеци не се комплетно завршени реформите од планот 3 – 6 – 9, и пред вклучување на ВМРО-ДПМНЕ законските решенија беа со голем број недостатоци и нереформски. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа реформските закони и учествува во нивното подобрување за доброто на Република Македонија, раст и развој на државата и просперитет на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
На вчерашната седница на ИК беше избран нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а беа донесени и неколку кадровски решенија.
За членови на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се изберени:
- Јован Јаулески
- Филип Ѓорѓиев
- Ивица Петровски
- Стефан Андоновски
- Никола Дудулоски
- Сергеј Попов
- Владимир Бошњаковски
- Билјана Цветковска
- Томи Кепевски
- Петар Миовски
- Горјан Донев
- Данијел Апостолоски
- Искра Крстевска
- Милан Јакшиќ
- Валентин Манасиевски
- Сузан Хасан
- Ангела Тасева
- Влатко Стојановски
- Марија Милошевска
- Невена Величковска
- Петар Радојнчиќ
- Моника Делева
- Живе Катранџиев
- Кирил Ѓеорѓиев
- Елена Орцева
- Владимир Ристов
- Марија Делова
- Иванчо Младеновски
- Елена Трајчевска
- Светислав Васев
- Горан Степановски
- Димитар Манчев
- Олга Василевска
- Анастас Ефремов
- Мартин Андоновски
ИК на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот комитет на партија 9 претседатели на Општински комитети. За претседател на ОК Аеродром е предложен Дејан Митески, за ОК Студеничани Кенан Абди, за ОК Центар Гане Петров, за ОК Карпош Тони Јаревски, за ОК Гази Баба Бобан Стефковски, за ОК Ѓорче Петров Бојан Стојаноски, за ОК Сарај Мартин Ристески, за ОК Прилеп Петар Ристески и за ОК Струмица Александар Донев.
ИК на ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Централниот комитет и двајца нови членови на ЦК, Јохан Тарчуловски и Зоран Коцевски, информираат од партијата.