Во Собранието на Република Македонија за денеска е закажана само седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред се неколку законски предлози во второ читање.
Членовите на комисијата ќе расправаат по Предлог законот за дополнување на законот за извршување на санкциите, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, Предлог – законот за дополнување на Законот за судовите, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка.