Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања.
На дневен ред пред членовите на Комисијата се Предлогот законот за заштита на потрошувачите, Предлог законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, Предлог законот за финансиска инспекција во јавниот сектор, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола и предлог на закон за зоотехника.