четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седница на собраниската Законодавно-правна комисија

Седница на собраниската Законодавно-правна комисија

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се четири барања за автентично толкување на членови од закони – две барања се од пратеници и две се поднесени од градоначалници.

Членовите на Комисијата треба да разгледаат барања за автентично толкување на член од Законот за пожаникарство, поднесено од пратеникот Антонијо Милошоски, и на член од Законот за денационализација – барање поднесено од пратеникот Исмаил Јахоски.

Градоначалникот на Аеродром поднел барање за автентично толкување на член од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а градоначалникот на Карпош – за член од Законот за локална самоуправа.

Најнови вести