недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на две собраниски комисии

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Предлог-одлуките за именување на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, како и Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор и Предлог-одлуката за избор на член на Државниот совет за превенција на детско претстапништво.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа измените на Законот за задолжително капитално финансиско пензиско осигурување, на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, сите во прво читање.

МИА

Најнови вести