вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на пет собраниски комисии

Седници на пет собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат пет комисии кои треба да разгледаат дел од предлог-законите што вчера беа ставени на 131. пленарна седница.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог-измените на Законот за трговски друштва во прво читање, како и Предлог-законот за заштита на личните податоци и Предлог законот за управување со движењето на предметите во судовите, двата во скратена постапка.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог-измените на Законот за минерални суровини, измените на Законот за Државен пазарен инспекторат, како и измените на Законот за техничка инспекција и на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе ги разгледаат Предлог законот за ратификација на Амадманот кон Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашпуваат озонската обвивика и Предлог законот за ратификација на Минамата Конвенција за жива.

Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа предлог-законските решенија кои се на дневен ред на  претходните комисии.

Комисијата за култура организира надзорна расправа за културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година.

Најнови вести