четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на шест собраниски комисии

Седници на шест собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани седници на комисиите за уставни прашања, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Буџетскиот совет.

Комисијата за уставни прашања ќе расправа за текстот на нацрт амандманите 33,34,35 и 36 на  Уставот на Република Македонија, а Комисијата за  деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за Предлоготза одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.

На седницата на Комисијата за политички систем ќе се одржи Јавна расправа за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот, а членовите на Комисијата за здравство ќе го разгледаат Предлог-законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, во прво читање.

Две седници се најавени на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати, во второ читање и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, во прво читање, поднесен од пратеникот Панчо Минов.

На дневен ред на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е Предлог-заклучокот за изменување и дополнување на Заклучокот за утврдување на бројот на надворешни соработници по пратенички групи.

МИА

Најнови вести