среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седница на Законодавно-правната комисија

Седница на Законодавно-правната комисија

Во Собранието денеска седница ќе одржи Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на оваа Комисија за расправа ќе бидат Предлогот на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството.

Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат и Предлогот на закон за ратификација на Договорот со Владата на Романија за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борбата против корупцијата, Предлог законот за ратификација на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален Совет за изменување на Спогодбата од 14 април 2000 година меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

Најнови вести