среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на неколку собраниски комисии

Седници на неколку собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната седница.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе одржи две седници на кои на дневен ред се Статутот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје ( I фаза ) и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе биде Предлог-одлуката за основање анкетна комисија за состојбите на онкологија.

Законодавно-правата комисија ќе одржи три седници.

Најнови вести