Секретаријатот за европски прашања објави оглас за вработување на посебен советник на заменик претседателот на владата на Македонија задолжен за задолжен за европски прашања.
Платата која ја нуди секретаријатот е вртоглави 49.000 денари, а кандидатот треба да поседува само тригодишно високо образование сон 180 кредити.
Ова значи дека институцијата не бара ниту кандидатот да има завршено четири годишно образование и стекнување на 240 кредити.
Дали ова е уште еден доказ дека огласот е наместен за посебен советник во секретаријатот за европски прашања останува да видиме?
Сепак ова е уште еден доказ дека продолжува да се полни администрацијата и кабинетите во клучниот период за ЕУ интеграциите со неспособни кадри.