Средношколецот Јосиф Попов, по кого трагаше два дена, бил заведен од секта, односно од лице кое се претставувало како бездомник. Ова за порталот „А1Он“ го изјавила мајката на момчето, Маја Попова, која им се заблагодарува на сите лица кои помогнале да се пронајде момчето.
-Полицијата го пронајде Јосиф. Ангажиравме многу луѓе и го најдовме. Дури и од неговата гимназија замоливме деца да ни помогнат. Сега треба да одиме во полициска станица, каде што треба да се даде извештај. Имаме информација кој го завел мојот син. Човекот се вика Ангел, бездомник кој бил во Канада. Тие проповедале божјо слово, но и дека ќе дојде крајот на светот, изјавила Попова.
Кога бил пронајден, според информации на семејството, Јосиф бил многу збунет. Седиштето на местото каде што се правеле овие активности било меѓу Центар и Карпош 4.
Мајката на Јосиф упати порака и апел до другите родители да бидат многу внимателни со своите деца.
Целата вест прочитајте ја на А1Он