сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Села: Едно општество за сите е една голема лага

Села: Едно општество за сите е една голема лага

Не сме против идејата Албанец да биде премиер како што не сме против да биде и од друга етничка заедница. Најважно е тој премиер да биде квалитетен и без етнички предзнак вели лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во интервју за Радио Слободна Европа. Тој е убеден во победа на неговата коалиција на следните избори истакнувајќи дека е време за демократија и промени. Лидерот на албанската опозиција не ја исклучува можноста за постизборна коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, но само доколку ја прифатат програмата на Коалицијата на Алијансата и Алтернатива, вели во интервју за РСЕ.

Идејата за Албанец премиер ја коментиравте како прилично неискрена од страна на вашиот партиски опонент, но од друга страна изјавивте и дека Албанците се родени за лидери. Дали сметате дека на гласачите им е поважно да имаат премиер Албанец од тоа да имаат пристојни услови за живеење?

Не е коректно да давам интервју и да се занимавам со идеи кои излегуваат во пет до 12 од страна на моите политички опоненти. Од друга страна коректно треба да биде тоа што сум изјавил дека Албанците се за лидери, но тоа сум го рекол во смисла дека Албанците ги ставаат за помлади соработници, а тие се за раководители итн, во тој аспект. Како и да е, јас не сум против идејата премиер да биде Албанец или од некоја друга етничка заедница, но јас сум многу против премиери да бидат и политичари Македонци, на пример. Премиер треба да биде премиер, кој ќе биде премиер без етничка ознака и нема да ги гледа со различни очи и Албанците и Македонците и Турците итн. А во оваа ситуација ваквите идеи се идеи кои доаѓаат како резултат на стравот дека одат во опозиција. Ако албанските политички партии имаат некој предлог кој се однесува и до другите албански политички партии, ние имаме изградено еден механизам, еден политички инструмент кој се вика „масата на албанските политички партии кои се претставени во парламентот“. Ако господинот Ахмети имаше некој предлог требаше тука да го каже и да го образложи. Јас инсистирам откако е излезен овој предлог да излезе на дебата и дај да дебатираме околу овој предлог. Таа идеја е само за политички цели, за ништо друго и мислам дека Албанците и не веруваат во такви лаги, веќе сите се со лаги и Албанците ќе ја поддржат нашата коалиција.

Целото интервју со Зијадин Села погледнете го ТУКА

Најнови вести