четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Села: Нухиу е награден за истото дело за кое Чавков е во притвор

Села: Нухиу е награден за истото дело за кое Чавков е во притвор

Министерот Нухиу, кој не преземал никакви активности на 27 април, наместо да биде повикан на одговорност награден е со заменик-министер за внатрешни работи, смета лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Во синоќешното гостување во емисијата “Клик Плус“ на 21 телевизија Села, исто така, рече дека членот на собраниското обезбедување Абдулфетах Алими не се наоѓа во притвор во истражниот затвор Шуто Оризари поради непостапување во немирите во Собранието на 27 април, туку затоа што го спасил.

– Ние сме сведоци дека секој ден случувањата од 27 април секој ден се истражуваат, се затвораат луѓе. Јас со жалење кажувам тука дека затворен е човек кој, според мене, единствената вина ја има што го спасил Зијадин Села. Јас не гледам друга причина, рече Зијадин Села на Тв 21.

Села вели дека Абдулфетах Алими е обвинет поради неделување во Собранието дента на 27 април, тој исто така констатира дека високи функционери и припадници на Министерството за внатрешни работи кои не презеле никакви активности за да ги спречат немирите, не се ставени во притвор ниту пак се повикани на одговорност туку напротив, наградени се со високи функции.

– Обвинението што се покренува против Фетаи е за непостапување. Но, добро кој постапил таа вечер? Постапувал ли министерот за внатрешни работи Нухиу, кој сега е награден со позицијата заменик-министер за внатрешни работи? Не постапувал. Постапувал ли заменикот на Чавков, Дехари, кој сега повторно е награден со истата позиција?! Не постапувал. Постапувале 200-те полицајци кои беа пред Парламентот, од кој ниту еден не е земен во притвор?! Не постапувале, потенцираше претседателот на Алијанса за Албанците.

Зијадин Села смета дека и човекот кој го спасил на 27 април, а кој сега се наоѓа во притвор, е жртва на политички монтиран случај, и дека актуелнава влада постојано вели дека ќе ги реши монираните случаи.

– Каква вина има Фетаи? Јас само една вина гледам. Ако можеби не беше тој, немаше да бидам ниту јас денес. Не знам што готват и какви планови имаат во нивните глави, но мислам дека и Фетаи, иако ова владеење постојано споменува дека ќе ги реши политички монтираните случаи, мислам дека Фетаи е во следниот политички монтиран процес за да го погоди токму Зијади Села во очите на јавноста. Затоа што јас во овој момент ќе излезам нечовек и луѓето ќе кажат зошто не му помага Села на Фетаи. Јас се обидов неколку пати, сум го дискутирал случајот на Фетаи, тој не може да ја избегне одговорноста да оди на суд за да излезе вистината, целата онака како што тој ја видел. Фетаи ноќта на 27 април исто така беше нападнат, констатираше Села.

Тој исто така смета дека ако ова не е политички монтиран случај нема потреба во притвор да се држи човек кој од Швајцарија дојде во Македонија само затоа што му се споменувало неговото име во истрагата.

– И нема потреба да се држи во притвор човек кој дојде од надвор, од Швајцарија дојде во Македонија само затоа што се споменувало неговото име и не сакаше да има меѓународна потерница против него и затоа дојде и самиот се пријавил овде. И доказ поголем од овој дека Фетаи не си заминува од Македонија нема. И затоа човекот треба да се пушти во домашен притвор и човекот ќе се појавува тамо каде што има одговорност,беше дециден Села.

Зборувајќи за настаните од 27 април, Зијадин села смета дека вистринското прашање што треба да се постави е зошто никој од одговорните лица кои не постапувале не се земени на одговорност.

Најнови вести