Сефер Селими, политички аналитичар во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, одговарајќи на прашањето кое е неговото мислење за уставните измени и внесување на Бугарите во него, рече дека дури и Македонија да ги направи тие уставни измени и да ги внесе бугарите во него за кои што денеска и премиерот на владата Димитар Ковачевски свика лидерска средба за да побара поддршка од сите политички партии, смета дека ова нема да биде последна блокада на Македонија како и дека власта не може да биде сигурна и да мисли дека друга држава нема да побара исполнување на некое друго барање.
-Јас мислам дека и јавноста треба да се подготви не само од политичките партии, туку и од сите чинители дека ова нема да биде последна блокада, нема да биде последна отстапка која што треба да ја направи како држава. Тој процес е доста сложен, ние не можеме да сме сигурни или да мислиме дека нема да се појави некоја друга држава која ќе нема барања. Секакви барања може да има, смета Селими.