Новинарот и поранешен претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, вели дека не може да се зборува за слобода на говор во ситуација кога Владата, на Макеронската радио телевизија му скратила седум милиони евра, средства кои со закон му следувале.
Тој во дебатниот магазин “Клик Плус“ на телевизија, разговарајќи за слободата на говор во време на пандемија со корона вирусот, иситакна дека Владата тоа го направила затоа што на министерот не му се допаѓал директорот, и згора на тоа имаме имаме Премиер кој тоа го дозволува.
– Имаме јавен сервис на кој годинава му се скратени 7 милиони евра. Со закон му се дадени еден посто од буџетот, додека Владата му дава 0,6 проценти. И сега ние зборуваме за слобода на говор. И кога го прашуваме министероит зошто се скратени средтсвата, тој ни вели дека не ми се допаѓа директорот. И ова поминува. И ние имаме Премиер што не му вели на тој министер, дојди ваму, од утре ти не си министер, рече Селмани.
Тој додаде дека во една држава не може да се однесува така затоа што постојат закони, а ако законот не им е добар тогаш треба да го сменат но, додека законот тој закон е на сила мора да се почитува.