Документи објавени на фејсбук страницата Скандал откриваат дека член на семејството на судијата Седат Реџепагиќ купило фирма која поседува хотел во Дојран и тоа за само 5000 евра.
Станува збор за зетот на судијата, Исмет Муниновиќ, а она што е интересно е дека заверката била направена кај нотарката Јасмина Радончиќ, за која се пишува дека му е сестра на судијата.
-Дали зетот на судија Реџепагиќ со плата од минималец во последните години, за само 5.000€ купува фирма со хотел “Атлантик” од Дојран од извесен Синиша М., фирма која вреди милиони. Нотар на договорот, сестрата на Реџепагиќ. Која е улогата на братот и сестрата во ова? Дали Реџепагиќ стои позади овој милионски сомнителен бизнис? Ќе истражи ли некој дали има сомнително потекло на имот? Документи од свиркачи во прилог“, стои во објавата.
Судијата Реџепагиќ и судијката Весна Димишкова на барање на СЈО за прв пат во Македонија и во Европа донесоа позитивно мислење за замрзнување на имотот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во случајот на СЈО „Талир“.
Барањето на СЈО и Одлуката на судиите Димишкова и Реџепагиќ се целосно неосновани и без никаква правна аргументација. Барањето на СЈО и одлуката на судиите се исклучиво, и исклучиво политички мотивирани, реагираше ВМРО-ДПМНЕ. За опозицијата ова е случај на класичен политички прогон и политичко насилство со кое што директно се задира во правата на граѓаните да се организираат и да делуваат.
Судијата Реџепагиќ е познат во јавноста и по тоа што решаваше за притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Рекет“.
Неговото име се споменува во еден од аудиоразговорите меѓу Јордан Камчев и Боки 13, кои се дел од истрагата за „Рекет“, при што Камчев му вели на Боки 13 дека постапил како што го советувал и дека извесно барање поднел на ден кога на одмор е судијката Весна Димишкова, а на смена е Седат Реџепагиќ.