Во организација на македонското Здружение за цистична фиброза, во соработка со Диши слободно (Breath Free – Белгиската асоцијација за борба против ЦФ), како и во партнерство со Македонското физиотерапевтско здружение денеска ќе се одржи Семинар за физиотерапија и цистична фиброза.
Едукативниот меѓународен семинар е во рамки на првата кампања за цистична фиброза во Македонија, која е под покровителство на шефот на Делегацијата на Европската унија и ќе трае до мај 2019 година.
Главната цел е да се подигне свеста за цистичната фиброза. Оваа ретка болест е сложена и бара соодветен одговор од страна на носителите на одлуки, докторите, социјалните работници, наставниците, родителите, пријателите …
Мисијата на Здружението за цистична фиброза е да понуди одговори за недостатоците во третманот на оваа болест, споделувајќи ги знаењата во корист на сите, се со цел да им се помогне на пациентите со цистична фиброза.
МИА