вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Серафимовска: Ослободете ги учениците од дополнителен притисок, укинете ја државната матура за оваа година

Серафимовска: Ослободете ги учениците од дополнителен притисок, укинете ја државната матура за оваа година

Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи упатува апел до власта да ја укине државната матура годинава како што тоа го направиле повеќе европски држави.

Вчера францускиот министер, Jean-Michel Blanquer,ги објави мерките за образованието во Франција, кои ни помалку ни повеќе предвидуваат ослободување од полагање матурата/завршен испит за оваа учебна година, како и оценување на учениците со изведување на средна оцена од постигнатите резултати до кризата!!
Оние што следат знаат дека ова ВМРО ДПМНЕ го предлага веќе извесен период.
Каква случајност?!?…(или очекуван резултат на длабока и сеопфатна анализа?)
Не знам уште што треба да се случи за да се сфати дека предлозите на опозицијата се издржани, професионални и добронамерни, плод на објективна анализа и со доза на проактивност неопходна заради неизвесноста која ја носи самата природа на вонредната состојба.
Во дилема сум дали постојаното игнорирање од страна на власта е поради недовреба кон предлозите на ВМРО ДПМНЕ или во прашање е суета и трка по политичките поени во сред вонредна состојба?!
Не можете да игнорирате, затоа што реалните проблеми на површина сами ги исфрлаат решенијата што треба да се имплементираат.
На крај само времето ќе помине и на виделина ќе излезат оштетени ученици, застој во образовниот систем и еден куп лични судбини неправедно оштетени….и да, препукување на власта и опозицијата што требало да се направи, а не се направило.
Знаете што?
Не мора да чекаме да влеземе во ЕУ за да носиме европски решенија.
Европа се законите кои ги носиме, Европа се решенијата кои ги имплементираме, Европа е однесувањето и слухот кои го имаме за проблемите и предлозите на другиот…
Има ли место за опозиција во тоа ваше европско “едно општество за сите”?
Да ја согледаме пошироката слика.
Ослободете ги учениците од дополнителен притисок, укинете ја државната матура за оваа година. Кому ми треба дополнителен притисок во оваа секако неизвесна вонредна состојба. Што треба да покаже вака набрзина спроведената матура во услови кои не може да се контролираат, знаења стекнати во лабаво довршена школска година во неформални услови, сомнителна техничка опременост и паника од корона вирусот.
Која ќе биде кредибилноста на добиените резултати и кому ќе му служи?
Да не зборувам што тоа би значело за оние кои нема да успеат да ја положат ..изгубена година од животот!
Ставете се на местото на учениците!
Укинете ја државната матура за оваа учебна година!!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Вчера францускиот министер, Jean-Michel Blanquer,ги објави мерките за образованието во Франција, кои ни помалку ни…

Gepostet von Hristina Serafimovska am Samstag, 4. April 2020

 

Најнови вести