среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Серафимовска: Пропустите во образованието се недозволиви

Серафимовска: Пропустите во образованието се недозволиви

Овој 1 септември чувствувам потреба наместо со свечен тон и желби за успешна работа на наставничката фела, да го одбележам со реакција до јавноста, се вели во Фејсбук статусот на Христина Серафимовска.

-Настаните кои во континуитет, веќе подолг временски период се случуваат во образованието, не смеат да останат занемарени. Наша заедничка одговорност е да реагираме, укажеме и да ги запреме процесите кои неминовно водат кон уништување на образовниот процес и креирање пропусти со трајни последици врз младите генерации. Ако пред извесен период дискутиравме на теми поврзани со квалитетот на наставата и излезните резултати, денес се соочуваме со недостиг на елементарни услови за изведување на настава. Техничките проблеми од типот немање на свидетелства, грешки при печатењето и доцнење на главните книги, отсуство на учебници и сл. укажуваат дека на најклучниот ресор, образованието, не му се посветува соодветно внимание токму од луѓето на кои единствена задача, за која се платени од народни пари, е токму тоа. Станува збор за пропусти од недоволно вложена енергија и стручност, како и ненавремено планирање на постапките со цел непрекинат и квалитетен тек на наставниот процес. Важно е да се спомене дека сето ова следува по еден подолг период обележан со Ковид кризата во која образованието беше пред сериозен предизвик и претрпе ненадминливи пропусти, или поинаку речено, годината која требаше да претставува своевидна стабилизација во образованието, се претвори во целосен крах. Посакувам овој 1 септември да биде почеток на кревање на свесноста на сите нас за значењето и важноста на образованието и враќање на дигнитетот на наставничката професија. Во име на иднината мораме да се избориме учениците да го добијат најдоброто од образованието, а за тоа е потребно да внимаваме што и колку толерираме, бидејќи грешките за кои не се залагаме да се коригираат, се осудени на повторување, истакнува Серафимовска.

Фејсбук статус на Доц. д-р Христина Серафимовска, Централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести